Според Европската Унија водата за пиење не е општо човеково право и заедничко добро на сите жители на планетата Земја. Одборот за заштита на околината на Европскиот парламент во Стразбур и покрај одобрувањето на амандманот кој го унапредува пристапот до вода за пиење, го одби барањето за признавање на водата како “заедничко и универзално добро“, иако беше потпишано од 1,6 милиони луѓе.
И покрај протестите на радикалното лево крило и застапниците на италијанското движење “5 Ѕвезди“ (M5S) тие попуштија пред лобито кое е за комерцијализација на питката вода. За да ја оправдаат оваа одлука строго забранија да има загадувачи, особено со олово, во непосредна близина на извори на вода.
Од друга страна се поттикнуваат Европјаните да пијат вода од чешма и и да и кажат “збогум“ на флашираната вода, дури и во рестораните. Со тоа, тврдат ќе се намали проблемот со пластичните шишиња, истакнува Europa Today.
Меѓутоа проблем се славините на јавни места, зошто водата се пие директно од нив или од рака. За да понесеме вода со себе повторно ни требаат шишиња или поголеми канистри, но тие не би требало да бидат пластични.
Французот Мишел Дантин, кој ја поднел верзијата на одобрениот предлог изразува задоволство “од прагматичниот и реален одговор на иницијативата Right2Water#. Одборот за заштита на околината тврди дека со овој акт “ќе се подобри квалитетот на водата и водоснабдувачката мрежа во Европа. Тој, исто така, тврди и “дека новите ограничувања за загадувачите ќе ги отстранат ризиците и ќе го ограничат нивното влијание на цената на водата“.Организацијата EPSU, пак е разочарана од оваа одлука.
Нивниот главен секретар изјавил дека ќе ја разгледа иницијативата и упорно ќе се бори до нејзиното конечно одобување на седницата на Европскиот парламент, закажана помеѓу 22 и 25 октомври во Стразбур.