Дали да го откачите партнерот ако немате оргазми?

Дали да го откачите партнерот ако немате оргазми?

Дали добрата личност и топлите прегратки се доволни да опстои врска каде страста е еднонасочна, а другиот партнер е сексуално исфрустриран?

Правилото вели дека секој партнер кој не се труди да ве задоволи треба да си замине од вашиот живот. Што „фајде“ од човек кој си гледа само за себе без да ве праша дали сте задоволни од тоа како се покажал во кревет?

Партнерот во кревет е микрокосмос самиот за себе. Како се однесува во кревет кажува многу за тоа како ќе се однесува надвор од постелата, а човек кој се врти на перница и заспива без да се погрижи да доживеете оргазам најверојатно нема да ве праша ни дали сте гладни или уморни, ниту ќе се сврти низ куќа кога најмногу ќе ви биде потребен.

Од друга страна, пак, партнерот кој несебично очекува комплетно да ве задоволи во сексот е човек кој често ќе ве одмени во кујна и ќе се потруди да ви го олесни животот на било кој начин. Затоа, баталете ги оние кои си гледаат само за себе и најдете си партнер кој ќе се погрижи здраво да се испотите во постела.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Шест работи кои ја убиваат страста во врската

6 начини како да се зближите со партнерот додека сте во карантин

Фригидност, проблем на модерната жена

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.