Дали е поздраво да се туширате наутро или навечер?

Еве неколку причини за тоа:
1. Полесно ќе заспиете
Вечерното туширање ги опушта умот и телото и овозможува подобар сон. Туширањето во топла вода 90 минути пред спиење може да ви помогне за заспиете десетина минути побрзо од вообичаено. Топлата вода ја намалува температурата и на тој начин испраќа сигнал дека е време за спиење.
2. Поздраво е за кожата
Туширањето пред одење во кревет може да спречи создавање на кожни проблеми. дури и ако не сте излегле од дома или не сте се потеле, на кожата може да се намножат бактерии во текот на денот и поради тоа вечерното туширање е клучно за отстранување од секојдневната нечистотија. Ова е особено важно ако имате надворешни активности.
„Ако навечер си легнете испотени и валкани, тоа може да доведе до појава на акни“, вели д-р Деквид Лортшер.
3. Намалување на сезонската алергија
Ако сте минале време надвор, алергените и прашината може да залепат на вашата кожа и на облеката, па ако не се истуширате пред спиење, тие ќе завршат на вашата постела.
Со туширањето пред спиење ќе ја намалите можноста за предизвикување алергиски реакции.
4. Косата ќе биде поздрава
Ако ја миете косата навечер, ќе имате доста време природно да ја исушите. Тоа ќе ја направи косата посјајна бидејќи нема да ја изгуби влагата среде сушење со фен.
5. Спречува потење
Вечерното туширање може да помогне во спречувањето на потење и создавање непријатен мирис на телото. Студен туш пред спиење докажано го намалува ноќното потење од кое страдаат многу луѓе.
6.Спречува грчење на мускулите
Мускулите ќе ви бидат благодарни ако напорниот ден го завршите со топло туширање, со што се ублажува напнатоста во мускулите. Туширањето навечер ефикасно дејствува против појава на грчеви во нозете, вообичаена состојба која погодува 60% од луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.