Дали знаете зошто сирењето има дупки? Никогаш не би погодиле!

Швајцарското сирење има дупки поради парчиња сено што паѓаат во кантите со млеко.
Можеби кога сте биле мали ви било кажано дека дупките во сирењето се предизвикани од грицкање на глувчињата. Но, всушност, тоа нема никаква врска со малите глодари.

Постојат неколку видови средно тврдо сирење кои наликуваат на сирењето Ементалер. Овие сирења доаѓаат од Ементал во Швајцарија и имаат дупки. Но, од каде потекнуваат дупките во сирењето?
Во далечната 1917 година, Вилијам Кларк детално објаснил за што се работи.

Дупките во сирењето се предизвикани од јаглерод диоксидот што го ослободуваат бактериите присутни во млекото. Теоријата на Кларк била прифатена речиси 100 години – додека студијата на „Agroscope“, швајцарскиот земјоделски институт, не ја откри вистинската вистина.
Според швајцарските истражувачи, дупките во сирењето всушност се предизвикани од ситни парчиња сено присутни во млекото.

Имено, кога сирењето се прави во амбари со помош на кофи, голема е веројатноста дека честичките од сено ќе се најдат во млекото. Токму овие парчиња сено предизвикуваат слабост во структурата на сирењето, овозможувајќи да се формира гас и да се формираат дупки.
Во швајцарското сирење денес има многу помалку дупки отколку пред неколку години, бидејќи млекото од кое се прави сирењето обично се вади со современи методи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.