Дали знаете што се случува во телото кога внесуваме многу сол?

Loading...

Солта е незаменлив зачин кој на храната ѝдава подобар вкус, но внесувањето на премногу сол може да има катастрофално влијание врз здравјето. Експертите препорачуваат внесување од 1500 до 2400 милиграми сол на ден.
Најлошо е кога внесуваме сол од преработена храна, бидејќи тоа дополнително го зголемува ризикот од здравствени проблеми со оглед на тоа што преработената храна содржи многу малку хранливи материи, многу калории и е посолена.
Колку е штетна исхраната со голем внес на солта за здравјето, покажува студијата објавена во „The New England Journal of Medicine“, според која околу 1,65 милиони смртни случаи ширум светот секоја година се поврзани со прекумерен внес на натриум. Иако повеќето луѓе не умираат директно од консумирање премногу сол, тоа може да предизвика разни здравствени ризици.
Антитела цели 8 месеци кај пациетни кои прележале Ковид-19?!
Каде е и што работи денес? Ерзана се враќа…
Во продолжение прочитајте што може да се случи ако консумирате премногу сол и како да го намалите внесот на овој зачин.
1.Проблеми со бубрезите
Исхраната богата со натриум го зголемува ризикот од развој на камења во бубрезите, бидејќи ја зголемува количината на калциум во урината, што е клучен фактор за формирање камења. Со конзумирање на поголеми количини сол, телото задржува повеќе вода обидувајќи се да го раствори натриумот.


Во нормални околности, телото го отстранува вишокот течности со филтрирање на крвта низ бубрезите за да се извлече водата од крвта, меѓутоа кога исхраната содржи многу натриум, бубрезите ќе отстранат помалку вода и тоа ќе доведе до зголемување на крвниот притисок. Ова може да предизвика откажување на бубрезите бидејќи, како што се зголемува крвниот притисок поради вишок сол, тоа создава огромен притисок врз артериите што одат до бубрезите.
2.Зголемен крвен притисок
Како што споменавме погоре, луѓето чија исхрана е богата со сол имаат поголем ризик од висок крвен притисок. Ова се случува затоа што солта го стимулира задржувањето на водата, што пак предизвикува срцето да работи побрзо. Ова создава голем напор и притисок врз органите, што може да доведе до срцеви заболувања, мозочен удар, деменција, кардиоваскуларни болести и други сериозни проблеми.
3. Чувство на надуеност
Како што веќе споменавме, кога консумирате премногу сол, задржувате вода. Повеќето луѓе размислуваат само за надуеност во стомакот, сепак солта може да поттикне задржување на водата низ целото тело. Може да добиете отоци во стапалата, нозете и рацете, кој се нарекува едем. Една вечер консумирање премногу сол најверојатно нема да предизвика поголем оток, но со текот на времето задржувањето на водата предизвикано од исхрана богата со сол, секако може да резултира со хронична надуеност.
4. Чувствуво на збунетост
Постојат различни причини за когнитивни нарушувања, а една од нив е и конзумирање на прекумерни количини сол. Студија објавена во 2011 година покажа дека постарите луѓе кои консумираат големи количини сол имаат послаби когнитивни функции. Чувството на мозочна магла е обично знак на воспаление што може да биде предизвикано од прекумерна потрошувачка на сол. Исто така, луѓето кои консумираат многу сол обично не пијат доволно вода, а дехидрираноста исто така може да биде причина за когнитивни нарушувања.
5. Остеопороза
Со мокрење, телото губи калциум, и колку повеќе сол консумирате, толку повеќе калциум ќе изгубите затоа што ќе уринирате повеќе. Кога нема доволно калциум во крвта, телото може да го „цица“ од коските, а тоа може да предизвика остеопороза.
Како да го намалите внесот на солта?
– избегнувајте или значително намалувате го конзумирањето на преработена и брза храна; повеќето од овие намирници содржат премногу сол и воопшто немаат квалитетни хранливи материи.
– проверете дали имате доволно калиум во вашата исхрана што може да се спротивстави на ефектите од вишокот сол и да го намали крвниот притисок; би било идеално да се внесат 3500 до 4700 милиграми калиум на ден; Некои од најдобрите извори на калиум се банани, сладок компир, спанаќ, авокадо и домати.
– подготвувајте што повеќе оброци дома и додавајте зачини без сол во храната; разни зачини без сол може да се најдат во продавниците за храна.
– купувајте свежи намирници, овошје, зеленчук и месо и ограничувајте ја потрошувачката на конзервирана храна со додадена сол; ако купувате конзервирана храна, обидете се да најдете без додадена сол.

loading...