Сезоната на јагоди е во полн ек, а еден нивен дел автоматски го фрламе додека ги чистиме.
Имено, стеблата и листовите на јагодите се полни со витамин Ц. Го зајакнуваат нервниот систем и помагаат кај тешките заболувања. Кога и да јадете јагоди зачувајте ги сите нивни листови и оставете ги да се исушат, па така нека бидат ваша резерва за витамин Ц и други корисни состојки.
Стебленцата и листовите од јагодите имаат повеќе витамин Ц отколку што има во самите плодови, а ги содржат истите микроелементи како плодовите.
Што сѐ лекуваат?
Чаевите од стебленца и листови од јагоди, како и самите јагоди, се одлични за следниве работи:
го зајакнуваат нервниот систем
делуваат против стрес
го намалуваат заморот
помагаат при депресија
помагаат при болест на крвта
ја подобруваат работата на бубрезите
делуваат при нефритис и други заболувања.
Значи, со обѕир дека сега е сезона на јагоди, нареден пат кога ќе ги купите се надеваме дека нема да продолжите да ги фрлате стебленцата и листовите, туку паметно ќе ги искористите.