Дали и вие сте еден од љубителите на овошните џемови? Навистина се превкусни, но преполни со шеќер и конзерванси и не се баш најздравиот избор кој би го направиле кога ви се јаде нешто слатко. Но, ако некогаш сте посакувале здрава варијанта од овој десерт, тогаш овој рецепт е идеален за вас! Џемот се подготвува за 10-тина минути, има одлична текстура, вкусен е и пред се ЗДРАВ!
Потребни состојки: 200г аронија ( свежа или смрзната) 3 лажици мед 6 лажици чиа семе 2-3 лажици вода Доколку користите замрзната аронија, тогаш оставете ја целосно да се одмрзне, а потоа заедно со медот и водата ставете ја во блендер и блендирајте додека се добие кремаста текстура. На крајот додадете го чиа семето, промешајте, претурете во стаклен сад и оставете во фрижидер 3-4 часа. За ова време чиа семето ќе го апсорбира вишокот на течност, при што ќе се добие една желатинозна текстура. Вака приготвен џемот може да се чува во фрижидер и до 7 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.