Дали коронавирусот се пренсува преку храна?

Ова е прашање чиј одговор нè интересира сите нас.

Засега, според Европската агенција за безбедност на храна, нема докази дека коронавирусот се пренесува преку храната.

Беше истакнато дека во моментов нема случаи што покажале никакви докази дека луѓето се заразуваат со вирусот преку консумирање на загадена храна.

Експертите тврдат дека можен начин да се заразиме е само ако заразено лице кивне во вашата чинија.

Добро зготвено месо, избегнување на можно загадување помеѓу зготвената и неподготвената храна, грижа за хигиената за време на подготовката на храната, се некои од препораките на Светската здравствена организација.

Од седиштето на Европската комисија, беше соопштено дека „засега се преферира да не се нуди бифтек и свежи неподготвено месо“.

Исто така, некои држави донесоа одлука да не се служи непечено месо во рестораните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.