Освен ако не живеете под камен, сигурно барем сте слушнале за серијата Friends и за филмот Home Alone.
Особено ако сте дете на 90-тите, израснавте со овие ликови и ги имате прегледано и филмот, и серијата стопати.
Но, она што можеби не сте го забележале досега е еден мал детаљ што необично ги поврзува. Во последната сезона од популарната ТВ-серија Friends која се емитуваше десет сезони од септември 1994 до мај 2004 година, Моника и Чендлер одлучуваат да се преселат од познатиот стан во Вест Вилиџ каде се случуваше најголемиот дел од дејствијата во серијата, и да купат куќа во предградие.
Фановите забележаа дека ако погледнете убаво низ прозорците на куќата, ќе забележите дека ја има истата глетка како и од куќата на Кевин Мекалистер, снаодливиот белјаџија од франшизата Home Alone.