Сабрина Синг Заменик-порпаролката на Пентагон, изјави дека САД не се во војна со Русија.
ВИДЕО | Андоновиќ: На илјадитиот ден, војната во Украина е далеку од крајот, борбите се интензивираат
5
Володин по најавите од САД: Ќе употребиме оружје кое сè уште не сме го користеле
Прикажи повеќе вести
Дали САД се во војна со Русија? Се огласи Пентагон
Сабрина Синг Заменик-порпаролката на Пентагон, изјави дека САД не се во војна со Русија.
„Да бидам јасна – ние не сме во војна со Русија“, рече Синг на брифингот.
Таа дополни дека Русија е одговорна за ескалацијата на ситуацијата околу Украина.
Дозволата на американскиот претседател Џо Бајден на Украина да ги користи американските ракети со долг дострел за напади на руска територија би можела целосно да ги уништи односите меѓу Руската Федерација и Соединетите Американски Држави, порача вчера претседателот на долниот дом на Рускиот парламент, Думата, Вјачеслав Володин.
Володин додаде дека, ако тоа се случи, Русија „ќе биде принудена да одговори“.
„Како, тоа е прашање за министерството за одбрана, но јасно е дека ќе има одговор. Можно е да бидат користени нови оружени системи, кои Русија сè уште не ги користела на територијата на Украина. Разбираме дека следниот чекор може да биде одговор на САД. И тогаш нашиот одговор е неизбежен. Тоа се вика ескалација“, рече Володин.