Денес градот Скопје преку проектот финансиран од ЕУ обезбеди 6 нови еко автобуси, што е доказ дека нашата градска администрација кога не е блокирана од никого, навистина е способна да спроведе нешто што е од бенефит и за Скопје и за Македонија. Се надеваме дека овој проект ќе ги поттикне советниците во Советот на Град Скопје што е можно побрзо да го поддржат проектот за набавка на 250 нови еко автобуси. Донацијата на автобусите од страна на ЕУ е голем успех на Градот Скопје и доказ за силната и безрезервна поддршка на Европската Унија.
Градот Скопје е првата единица на локална самоуправа која пред повеќе од две години аплицираше и успешно имплементира проект поддржан од страна на ЕУ чија цел е подобрување на квалитетот на воздух и справување со загадувањето. Со проектот се набавија шест еколошки CNG автобуси за Градот Скопје, а дополнителните активности имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на PM 2,5 и PM 10 емисиите преку транзиција на традиционалниот начин на затоплување на јавните објекти кон користење извори на чиста енергија во Скопје, изработка на Физибилити студија за проширување на системот за топлинска енергија, надградба на станици за следење на квалитетот на воздух со нова опрема и подигнување нови урбани зелени појаси со 3.000 дрвја во новите паркови кои ги градиме во Скопје.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.