Дарија (13) забремени од Иван (10): Лекарите ги провериле наодите, па следел шок – „Како е ова можно?!“

Тринаесетгодишното девојче Дарија тврди дека забременила со момче (10), а лекарите се сомневаат во можноста за ова зачнување.

Русинката Дарија од рускиот град Зеленгорск (13) тврди дека момче (10) и’ направило дете. Лекарите тврдат дека тоа е невозможно, а трудницата во текот на процесот се заколнала дека нема друг партнер.

Медведев ја покажа шокантната мапа на Украина: Откри до каде планира да оди Русија и ја отфрли можноста за преговори со Зеленски (ФОТО/ ВИДЕО)
Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, рече дека Украина е дел од Русија и ја отфрли можноста за мировни преговори со сегашните украински власти.Медведев, кој е заменик претседател на Советот за безбедност на Руската …
Петровска ќе го отвори НАТО – Индустрискиот ден
Утре, 5 март (вторник) во хотелот „Хилтон“ во Скопје, во 10.00 часот, министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе го отвори НАТО – Индустрискиот ден на кој ќе учествуваат високи претставници на …

Тие двајца, со дозвола на нивните родители, дури и се појавија на руската телевизија пред три години, каде Дарија раскажа дека се запознале во 2019 година и дека се заљубиле на прв поглед. И двајцата тврдеа дека се заљубени и дека сакале да го задржат детето. Во таа прилика и лекарите се изјаснија за можноста десетгодишно дете да добие дете.

„ Теоретски, двете деца би можеле да бидат репродуктивно зрели “, рече локалниот педијатар Николај Скоробогатов. Урологот Евгениј Греков не се согласува и тврди дека малиот Иван не можел да стане татко на 10 години.

„Три пати ги проверувавме наодите за да нема грешка. Нема гамети, сè уште е дете. Нема ни тестостерон и неговите гениталии сè уште неразвиени. Сè уште не го достигнал пубертетот, па има многу неодговорени прашања“, рече тој.

Дарија тогаш не сакала да слушне за абортусот и тврдела дека таа и Иван спиеле само еднаш, кога тој бил сам дома.

„Откако го направивме тоа, се засрамивме, па се сокривме под покривката“, рече таа. Набрзо почнала да чувствува мачнина, а кога мајка и ја однела на лекар, било откриено дека е бремена.

,,Потоа призна дека спиела со Ивана. Бев во шок, останав без зборови. Кога разговаравме рече дека не сака да абортира, а јас ја поддржувам”, изјави нејзината мајка Елена, која беше исто така во времето во шоуто.

Иван и неговата мајка Галина во истата емисија изјавиле дека сакаат да бидат дел од растењето и воспитувањето на бебето и дека абортусот не е опција.

,,Не знаев што да кажам кога слушнав дека мојот десетгодишен син ќе стане татко. Мислам дека не е ни свесен што се случило. Тој рече дека Дарија му понудила секс, тие не користеа заштита и очигледно не ги разбраа последиците што можат да бидат“, рече таа.

И соседите се посомневале дека момчето е таткото
Руските медиуми во таа прилика се распрашувале и кај соседите кои тврдат дека се сомневаат дека момчето е таткото и дека сè е само приказна со која сакаат да го наместат Иван.

Од друга страна, идниот татко вели дека нема ни трошка сомнеж дека детето е негово.

„Дарија никогаш не била со никој друг, сигурен сум во тоа. Јас сум татко на нејзиното бебе“, уверено рече тој.

Дарија стана инфлуенсер
Една година откако шокантната вест ја обиколи планетата, локалните медиуми почнаа да трагаат по родителите на малолетничката. Дарија почна да ја користи својата новооткриена слава за да привлече следбеници на социјалните мрежи.

Локалните медиуми јавуваат дека таа се обидува да ги ,,разработи” своите профили на социјалните мрежи за да стане инфлуенсер, како и дека сака да соработува со брендови и спонзори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.