Два холандски ловци Ф-35 пресретнаа три руски борбени авиони над Балтичкото Море недалеку од Полска.
ПУЛС24: ВЕСТИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ТУКА
Како што беше соопштено, станува збор за два борбени авиони Сухој Су-27 и еден поморски извидник од Балтичката флота ИЛ-20 Кот-А, соопшти холандското Министерство за одбрана.
Во кусото соопштение се наведува и дека пресретнувањето се случило на небото над меѓународните води и дека авионите биле изведени без инциденти и биле информирани партнерите од НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.