Илјадници британски пабови не ја преживеале пандемијата на коронавирусот, според тамошното угостителско здружение, а на оние кои ја надминале ќе им биде неопходна финансиска поддршка „со години доколку се опорават“.
„Многу пабови повтроно ќе бидат отворени со големи долгови“, изјавил за Sky News, Дејвид Маунтфорд од Форумот за британски пабови.
Најмалку две илјади пабови трајно престанале со работ, според извештајот на ова здружение објавен во саботата.
„Земаа заеми за да се одржат, но оваа дејност не закрепна“, вели Маунтфорд,. Додава дека нејасно е во кои бројки луѓето ќе се вратат во пабовите, и се прашува дали луѓето навикнале да пијат дома.
„Да бидам искрен, тоа е многу мрачна иднина“, додава.
Традиционалните пабови во Велика Британија, како и другите локали, мораа со месеци да бидат затворени поради карантинот којшто континуирано беше на сила во земјата, пред воведување на мерките на регионално ниво. Пивските пабови во Англија, според најавите, би требало да бидат отворени од средината на април.