Во пукање на бензинска пумпа во градот Колумбус во американската држава Џорџија, на границата со Алабама, ранети се девет малолетници, меѓу кои и едно петгодишно дете, соопштија денеска властите.
Децата ранети во инцидентот што се случи вчера се на возраст од пет до 17 години, а се работи за седум момчиња и две девојчиња, пренесува АП. Според соопштението на локалните власти, се чини дека ниту едно од ранетите деца не е опасно по живот.
- Илон Маск го нарече поранешниот еврокомесар Тиери Бретон „европски тиранин“
- МЕЛ ГИБСОН КАЈ ЏО РОГАН: Зошто Фаучи е уште на слобода?
- Германскиот гигант забележа пад на продажбата на автомобили: Оваа земја им е „трн во око“
- Обвинителство: До сега не се пронајдени докази за финансиски малверзации кај Крмзов
- Ескалација на судирите во Курск: Украинските сили под сериозен ризик од опколување
Полицијата не уапси никого.
„Зголемувањето на оруженото насилство во кое е вклучена нашата младина влијае на целата земја“, рече началникот на полицијата во Колумбус, Фреди Блекмон.
Тој додаде дека полицијата неуморно работи на отстранување на насилниците од улиците на Колумбус.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.