Сонот на секој аматерски ловец на фосили е да пронајде праисториски и ретки фрагменти, а тоа го му успеа на 9-годишно девојче.
Моли Сампсон престојувала во Калверт Бич во сојузната држава Мериленд за време на католички Божик и ѝ кажала на нејзината мајка дека „го бара Мег“. Таа била во вода до колена, а во еден момент го пронашла токму она што го барала, заб кој му припаѓа на мегалодон, изумрен вид на џиновска праисториска ајкула која живеела пред 25 милиони години, а изумрела пред 1,6 милиони години.
Мегалодонот достигнувал должина и до 18 метри, а освен што е најголемата ајкула на светот, ја носел и титулата најголема риба што некогаш постоела.
Забот што го пронашла Моли бил со големина на нејзината рака. Инаку, нејзиниот татко уште од детството барал фосили на истата локација, а Моли пронашла повеќе од 400 заби кои биле многу помали од последниот.
Семејството го однело забот во морскиот музеј Калверт Марин, каде експертите го потврдиле идентитетот на ајкулата.