Дедо тепал жена со тврд предмет и сакал да изврши обљуба врз неа – повикан во полиција

Во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од село Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14 часот, во атар на село Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“.

Тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.