Деликатесен намаз од јајца и сланина

Деликатесен намаз од јајца и сланина

Направете супер вкусен намаз од јајца и сланина.
СОСТОЈКИ:
100 гр. сланина
100 гр. мајонез
250 гр. кисела павлака
4 јајца
малку сол и бибер
100 гр. кашкавал
1 лажица масло


ПОДГОТОВКА:
Се варат јајцата, а на тава се загрева масло и се пржи сечената сланина.
Се цеди на салфета.
Се ладат и сечат ситно јајцата, се ставаат во сад, заедно со мајонез, сол и бибер, павлака, зачини по избор.
Се додава сланината.
Се меша, се лади и украсува по избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.