Поради испад на трафостаницата „Запад”, жители на делови од Скопје вечерва се соочија со краткотраен прекин на електрична енергија, соопштија вечерва од Електродистрибуција.
Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија на 95% од засегнатото население. Во моментов само два 10кВ изводи се без напон, а се работи и на нивна санација, стои во соопштението на Електродистрибуција.