Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април.
На овој ден се слават Светите маченички Агапија, Хиона и Ирина. Нивните имиња на грчки значат Љубов, Снег и Мир.
Тие биле три сестри кои живееле во околината на Аквилеја, а пострадаа во 304 година. Во тоа време, императорот Диоклецијан наредил духовниот старец Хрисогон да биде погубен. Откако го погубија овој, некој Зоил му ги најде моштите и ги пазеше кај себе. По некое време, светиот Хрисогон му се јави на Зоил и му откри дека ќе пострада по девет денови, заедно со три сестри Агапија, Ирина и Хиона. Тие беа затворени, мачени и погубени.
Се верува дека на овој ден треба да си замислите една посебна желба за која вистински мечтаете, а светите маченички ќе се обидат да ви ја исполнат.