Клиниката „Жан Митрев“ сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог-мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.
Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата, која е здравствена организација од јавен интерес.
Клиниката „Жан Митрев“ од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките, информираат оттаму.
Првото рочиште е закажано за денеска со почеток во 09:30 часот во Кривичниот суд во Скопје.
Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
Според обвинителството, се прикривале клучни факти и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите, кои се лекувале во болницата
Целта на обвинителството е докажување дека обвинетиот, во случајот Жан Митрев сакал да ги доведе во заблуда за прибавување противправна корист.