Денес во Собрание пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на Парламентот.
– Велеа сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е „за“, а кој моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа сакаат да го спречат пеколниот план за уништување на Македонија, и дека има време и за реформи и за корекции.