Албанија воведува безвизен режим со Кина – Апасиев: ИЗМЕЌАРИ, следете ја надворешната политика на ЕУ, сега и Албанија нè претрка

Кина и Албанија воведуваат безвизен режим меѓу двете држави, објавија од кинеската амбасада во Албанија.

– Со договор на кинеската и албанската влада, Договорот за реципрочно откажување од визите меѓу двете земји ќе стапи на сила на 18 март 2023 година. Според договорот, граѓаните на двете земји се ослободени од барање за виза доколку престој во другата земја не повеќе од 90 дена, на секои 180 дена од датумот на влез во другата земја.

Амбасадата на Народна Република Кина во Албанија ве потсетува дека доколку имате намера да останете повеќе од 90 дена или да се вклучите во активности како што се студирање, вработување, долгорочен престој итн., мора да ги завршите соодветните процедури за аплицирање за виза пред да влезат, велат од амбасадата на Фејсбук.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека македонските власти се вазали бидејќи на неговото прашање кон премиерот Ковачевски зошто Македонија не воведе безвизен режим со Кина, Ковачевски одговорил дека Македонија ја следи надворешната политика на ЕУ.

– Пред некој месец го прашав Таче, на пратенички прашања, зошто не го ратификуваме договорот за безвизен режим со Кина?

Ми одговори: – “Ја следиме надворешната политика на ЕУ”!?

Епа, ИЗМЕЌАРИ, еве и Албанија не’ претрка.

#ВазалнаПолитикаБезВизија – вели Апасиев на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: