Милетиќ: Арбен Таравари не е тој што треба да им ги одредува чувствата на Македонците

Арбен Таравари не е тој што треба да им ги одредува чувствата на Македонците, ниту да кажува кој народ им е најблизок. Со ваквите изјави се отвора простор за наративи кои потсетуваат на ставови дека станува збор за „еден народ во две држави“ – тема за која единствено македонците има право да изгради сопствен став.
Милетиќ: Арбен Таравари не е тој што треба да им ги одредува чувствата на Македонците
Прашањата што се однесуваат на македонскиот национален идентитет, историјата и односите со соседите треба да бидат предмет на одлука и оценка на самите Македонци. Само тие можат да кажат како ја доживуваат својата историја, својот идентитет и кои народи ги сметаат за најблиски.
Истовремено, се поставува прашањето: како е можно во решавањето на македонските национални прашања толку активно да се вклучуваат претставници на други етнички заедници, додека кога станува збор за нивните национални прашања, се инсистира тие самите да имаат право на одлучување?
Доколку се почитува принципот на еднаквост, тогаш мора да постои и принцип на реципроцитет. Истите стандарди треба да важат за сите – без двојни аршини и без селективен пристап.
Пронајдете не на следниве мрежи: