Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот

Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот израелскиот министер и поранешен воен началник Гади Ајзенкот, во саботата беше објавено и дека загинал и неговиот внук од сестра.

Израелската војска во петокот потврди дека ден претходниот ден во борби во северниот дел на Појасот Газа загинал 25-годишниот Гал Меир Ајзенкот, постар наредник во резерва. На неговиот погреб во петокот на воените гробишта Херцлија, присуствувале илјадници ожалостени, меѓу кои и израелскиот претседател Исак Херцог.

Бајден: Pазговараме за можни изpаелcки напади врз иpанcките нафтени локации
Американскиот претседател Џо Бајден вели дека разговарал за можни израелски напади врз иранските нафтени локации како одмазда за ракетните напади на Техеран врз Израел, во изјави за медиумите кои брзо …
Кејт Мос пијана се тетеравела и паднала од столот: Сите зачудено гледале 
Лила Мос, ќерката на Кејт Мос, го прослави својот 22 роденден во луксузен ресторан во Париз, а папараците ја уловија познатата манекенка како пијан паѓа од стол.Според странските медиуми, манекенката …

Ајзенкот на боиштето ден потоа го загуби и внукот Маор Меир Коен. Засега нема други поединости за околностите во кои загинал тој, известува весникот The Jerusalem Post. Се додава дека Маор, кој служел во редовна воена должност, е син на Шерон Ајзенкот — полусестрата на Гади, и Мајкл Мишел Коен Именувани по нивниот дедо Меир, и Маор и Гал споделувaле повеќе од семејни врски; тие поделиле и наследството.

Шеесет итригодишниот Гади Ајзенкот е пензиониран генерал кој беше началник на Генералштабот на Израел од 2015 до 2019 година. Како претставник на Партијата за национално единство, тој е и член на вонредната влада на Нетанјаху формирана откако Хамас го нападна Израел на 7-ми октомври.

Властите го информирале Ајзенкот за загубата на неговиот син додека бил во посета на јужната команда на израелските одбранбени сили (IDF). Голем број израелски владини претставници и застапници, исто така, испратија сочувство до семејството Ајзенкот.

Лидерот на опозицијата Јаир Лапид објави фотографија на Гал и Гади Ајзенкот прегрнати во воени униформи.

„Оваа фотографија. Оваа прегратка. Татко и син. И двајцата во униформа. Двајцата војници. И двајцата одговорија на повикот, беа таму кога беше потребно, направија се што треба. Судбината на целата нација е во една прегратка”, напишаa од партијата Лапид на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.