Дербито на загрозените во Ла Лига без победник – Елче може да си се пакува за Сегунда! (ВИДЕО)

Кадиз и Елче во дербито на загрозените вечерва одиграа 1-1, па ниту домаќинот излезе од опасната зона, ниту фенерџијата дојде до прва победа како за надеж дека во вториот дел од сезоната може да се спаси.

Кадиз со седмото реми, трето во последните пет меча, дојде на 16 бода како трет одзади, но не е далеку да излезе од опасната зона, зашто на само бод им се Еспањол, Хетафе, Селта Виго и Валјадолид. А, по само седум минути поведоа преку Окампо и потоа не успеаа со втор гол да го затворат мечот, па Елче девет минути пред крајот избегна пораз со гол на Понсе.

Но, мало фајде за последниот тим во Ла Лига, зашто ова им беше само петто реми, сѐ уште немаат победа и со 12 бода заостаток од сигурната зона по 17 рунди досега, може комотно уште сега да се пакуваат за Сегунда.

Пронајдете не на следниве мрежи: