недела, 15 ноември 2026
Најново

Блинкен во одбрана на Маск

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Маск со недели ги зголемува провокациите на својата социјална мрежа Х, коментирајќи ги политичките дебати во Велика Британија и Германија.Американскиот милијардер Илон Маск го изразува своето мислење како „граѓанин и тој има право на тоа“, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во Париз.– Приватно, граѓаните во нашата земја можат да кажат што сакаат – рече Блинкен на прес-конференцијата со неговиот француски колега Жан Ноел Баро.Блинкен рече дека Маск, како и секој Американец, има право да го каже своето мислење.Маск со недели ги зголемува провокациите на својата социјална мрежа Х, коментирајќи ги политичките дебати во Велика Британија и Германија.Неколку високи европски претставници ги осудија неговите ставови.Баро денеска ја повика Европската Унија да ги заштити земјите-членки од мешање во европската јавна дебата.Британскиот премиер Кир Стармер во понеделникот предупреди на опасноста од оние кои „шират лаги и дезинформации“, додека францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење што Маск директно се меша во претстојните парламентарни избори во Германија.Маск претходно отворено ја поддржуваше германската екстремно десничарска партија АфД, а британскиот премиер го нарече „идиот“.

Поврзани вести