ДИК предлага да се гласа и со пасошите со „Република Македонија“ ако се со важечки датум


Ваквата преодна одредба што би се вовела во Изборниот законик, како што вели првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, би се однесувала само на годинашните избори, а пред сè би се однесувала на граѓаните чии лични карти се неважечки

Државната изборна комисија (ДИК) предлага во Изборниот законик да се воведе преодна одредба со која на граѓаните од земајва и странство ќе им се овозможи на претстојните избори да гласаат со пасоши со старото уставно име чија важност сè уште не е истечена.

Оваа одредба, како што вели првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, би се однесувала само на годинашните избори, а пред сè би се однесувала на граѓаните чии лични карти се неважечки.

„Предлагаме пасошите на кои пишува ‘Република Македонија’, ако се важечки, да важат за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, ќе имаат еден документ, зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи“,

изјави Даштевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Претседателот на ДИК додаде дека при гласањето на изборите граѓаните ќе може да се идентификуваат со еден отпечаток од прст и оти ќе може и да се одберат опции од типот: „гласам“, „не гласам“, „не сакам/сакам да добијам две ливчиња“. Според Даштевски, сите предвидени дејства за одржување на двојните избори одат во најдобар ред и сите рокови се запазени. Оцени дека изборите ќе бидат фер, слободни и демократски.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: