Директорот на ЦИА Вилијам Брнс денеска пристигна во Сараево, каде се очекува да се сретне со директорот на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА) Алмир Џув и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, пренесува Кликс.
Бернс претходно престојуваше во Босна и Херцеговина како помошник државен секретар на САД во 2012 година и во таа прилика, како што се наведува, покажал посебен интерес за политичката ситуација во земјата и за работата на ОХР.
Според Кликс, Барнс се заинтересирал и за прашањата на државниот имот на БиХ и актуелните проблеми поврзани со тоа прашање.
„На сите мои средби јасно кажав дека остануваме цврсто приврзани и дека го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор“, рече тој за време на неговата посета на Босна и Херцеговина во 2012 година.