Доаѓа студеното време и сезона на настинки, а овој напиток е одличен за зајакнување на имунитетот

Подгответе се за зима ако веќе не сте болни, а ако сте – овој напиток ќе ве застане на нозе.

Со постудените денови доаѓаат настинки, кашлица, треска, главоболки… Доколку и вие не сте поштедени од доаѓањето на есента, но и за да бидете здрави во наредниот период и мирно да ја поминете зимата, пробајте одличен рецепт за зајакнување на имунитетот.

Направен е од лук, мајчина душица, мед и ѓумбир, а многумина го нарекуваат инфузија за зајакнување на имунитетот, бидејќи ја враќа многу потребната сила.

Потребни состојки:

1 чешне лук
1 лажичка рендан свеж ѓумбир
1 кришка лимон
3 гранчиња свежа мајчина душица
1 лажичка мед

Подготовка:

Сварете ја водата. Исчистете го, излупете го и изгмечете го лукот, а потоа излупете го и изрендајте го свежиот ѓумбир.

Во шолја ставете лук, изрендан ѓумбир, лимон, мајчина душица и мед. Прелијте со топла вода. Оставете го да кисне додека температурата не падне доволно за да ви биде удобно за пиење.

Оваа смеса можете да ја искористите и по втор пат да ја прелиете со вода, а не двоумете се да додадете уште малку мед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.