Патрик Марфи од Вирџинија плати 30 билети со иста комбинација на бројки и сите 30 биле добитни.Патрик купи 30 билети за лотаријата „Пик 4“ и играше иста комбинација на броеви (2-7-7-0) на секој .Патрик Марфи не само што ги совпадна сите четири броеви во играта „Virginia Lottery’s Pick 4“, која и онака е исклучително тешка, туку тоа го направи на 30 различни тикети. Сите негови тикети беа со иста добитна комбинација.Патрик не можеше да ја задржи возбудата. – Не можев да поверувам, повторно и повторно гледав во ливчињата и ги проверував бројките – рекол Патрик.Официјалните лица рекоа дека тој освоил 5.000 долари на 24 билети, како и 2.700 долари на шест билети.Неговата вкупна добивка била 136.200 долари, пренесува Lakalle Blue Radio. Лотаријата објави дека шансите за ваква добивка се 1 на 10.000.Победникот за тамошните медиуми открил дека прво ќе си ги исплати долговите и неподмирените сметки, како и да размисли како ќе ги потроши останатите пари што ги добил.
Пронајдете не на следниве мрежи: