ДОКАЖАНО ДЕКА СЕКСОТ Е ЛЕК! НО КОЛКУ ПАТИ СЕДМИЧНО?

Loading...

Водете љубов барем 3 пати неделно. Истражувањето кое било направено во шкотската болница „Royal Edinburgh Hospital“, открило дека луѓето постари од 40 години, и кои имаат секс 50 отсто повеќе од просечното, изгледаат од 7 до 13 години помлади.

Истражувањата покажаа дека редовниот секс го зголемува “животен век“ на луѓето. Оние кои почесто имаат оргазми имаат двојно помала стапка на смртност од оние за кои оргазмите се реткост. Ова се должи на фактот деа сексот значително го намалува стресот, кој е причинител на многу болести.

Како сексуалниот живот влијае врз нашето здравје зависи од тоа колку често партнерите го практикуваат. Еве ги придобивките:

Еднаш неделно

Сексот што се практикува еднаш неделно влијае позитивно при одржување на линијата. За време на водењето љубов, во организмот се излачува окситоцин, хормон на љубовта што ја поттикнува блискоста меѓу партнерите и допридонесува до мирен и квалитетен сон. Повеќе сон значи помалку килограми, бидејќи тогаш се излачуваат хормоните одговорни за чувството на ситост.

Двапати неделно

Истражувањата во САД покажале дека оние кои практикуваат секс двапати неделно имаат за 30 отсто поголемо ниво на имуноглобулин А кој му помага на организмот да се одбрани од болестите. Повеќе секс значи подобар имунитет.

Трипати неделно

Сексот ја подобрува циркулацијата , а луѓето кои практикуваат секс трипати неделно имаат двојно помали шанси да доживеат срцев удар.

Четирипати неделно

Истражувањата во Единбург покажале дека за време на сексот, се засилува производството на колаген што ја спречува појавата на брчките. Квалитетниот сексуален живот го подобрува тенот и сјајот на косата.

Петпати неделно

Редовнот секс го подигнува нивото на енергија во организмот, ги прави луѓето повеќе да бидат оптимисти и креативни на сите животни полиња.

Шестпати неделно

Подобрата цркулација значи дека мозокот подобро работи, а кога доживуваме оргазам и „експлозија“ на хормоните, повеќето од нив на позитивен начин влијаат и на нашата интелектуална моќ.

Седумпати неделно

Ако ова ви успева, значи не дозволувате секојдневниот стрес да ве спречи во уживањето во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ја ублажува анксиозноста, а научниците тоа го објаснуваат со засиленото лачење на ендорфин, хормон што се излачува додека водиме љубов.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...