Домашен бурек со готови кори

Потребни состојки:
500 г свежи готови кори
200-300 сирење/урда
½ шолја вода
1/3 шолја масло
1 печиво
Начин на подготовка:


Најпрво во тенџерче ставете 1/2 шолја вода да зоврие, додадете масло и печиво и измешајте. На плехче со хартија за печење ставете најпрво 2 кори чии краеви ќе ги ставите на краевите од плехчето(за на крај да го преклопите целиот бурек со нив. Попрскајте со 2-3 лажици од течноста и ставете малку сирење на целата површина. Врз сирењето ставете кора која ќе ја соберете за цела да влезе во плехчето. Повторно попрскајте со смесата и наросете сирење.
Повторете го процесот кора-течност-сирење сè додека да ги потрошите корите. Откако ќе ја ставите и попрскате последната кора не ставајте сирење. Со краевите од првите кори преклопете го бурекот одозгора и истурете ја целата течност која ви останала, горе и на краевите. Печете го бурекот на 180 С околу 20-30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.