Ова е рецепт за подготовка на брз леден десерт со овошје по ваш избор како цреши, вишни, боровинки, рибизли и слично.
Потребни состојки:
-500 г овошје по избор (може и микс од цреши, боровинки, капини, јагоди, малини, рибизли)
-250 г шеќер
-250 мл кисела павлака
-2 кеси шлаг
Подготовка:
Во сад ставете го овошјето, додадете шеќер по желба и гмечете. Додадете ја павлаката. Измешајте сè убаво со лажица, па уште малку згмечете ги поголемите парчиња овошје.
Во друг сад изматете ги кесичките шлаг според упатството. Ако сакате посладок сладолед, додадете уште шеќер. Шлагот и овошјето спојте ги и сè заедно изматете со миксер.
Добиената смеса замрзнете ја. Сладоледот може да го служите со овошје по желба.