Домашна алва

1 филџан вода
2 филџана масло
6 филџани брашно
6 филџани шеќер
1 филџан какао
лешници, ореви или бадеми по желба
Во тенџере на оган ставете ги маслото, водата и шеќерот. Брашното измешајте го со какаото и додадете го во зовриениот шербет. Мешајте неколку минути додека се изедначи смесата.
Додадете го исечканото јаткасто овошје и тргнете од оган.
Нанесете ја алвата во тава и откако малку ќе се излади исечете ја на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.