Исто како што играта помага децата да ја научат важноста на тимската работа и меѓусебното помагање, давањето домашни обврски може да им помогне да научат да преземаат иницијатива, но и да станат организирани и одговорни луѓе.
Кои домашни обврски може да им ги доверите на предучилишните деца и како да ги научите на вредности кои ќе им бидат корисни во иднина?
1. Местење на креветот
Веднаш штом се разбуди, првата организациска задача на човекот во денот е да го намести креветот. Затоа е добро детето да го научите тоа да го прави уште од најрана возраст.
Со местењето на креветот детето учи за потребата на хигиена во просторот во кој живее.
2. Бришење прашина
Замолете го детето да ги избрише површините кои се лесно достапни и не се премногу тешки за чистење. Подоцна, тоа може да го проширите на повеќе површини и предмети, па и на целата детска соба.
При чистењето користете природни средства како оцет наместо силни хемикалии.
3. Залевање на билките
Залевањето на билките е едноставна работа која рано може да му ја доверите на детето, а истата развива чувство на одговорност кај нив. Одлучете колку често треба да ги залевате цвеќињата и оставете детето да води грижа за тоа.
4. Организација на играчките
Кога детето ќе почне да си игра, веднаш знаете дека собата за миг ќе стане неуредна. По играта, замолете го детето да ги врати работите на место.
Тоа ќе му помогне да научи за просторот во кој живее и ќе му го олесни пронаоѓањето играчки следниот пат кога ќе си игра.