Вкусен појадок или ручек за сите сетила.
Состојки:
4 јајца
1 шолја кисело млеко
½ шолји масло
сол
3 шолји брашно
1 лажиче сода
150 гр. сирење
5-6 кисели краставички
12-15 маслинки
120 гр. салама по избор
Подготовка:
Се матат јајцата со кисело млеко и сода.
Се додава сол, масло, сирење, кисели краставички ситно сечени, салама сечена и маслинки сечени.
Се меша се и се додава брашното постепено.
Се става во подмакан плех смесата.
Се пече на 200 степени.