Либанските спасувачки екипи копаа низ урнатините во потрагата по преживеани во огромната експлозија што вчера го потресе главнот град Бејрут, во која загинаа 78 луѓе, 4.000 се повредени, а властите очекуваат бројката да расте. Експлозијата се случи на пристаништето каде се сместени магацини со силен експлозивен материјал.
Преседателот Мишел Аун рече дека 2.750 тони амониум нитрат, што се користи за ѓубриво и за бомби, шест години бил складиран на пристаништето без мерки за безбедност, за што тој рече дека е неприфатливо. За денеска закажа итна седница на владата.
Нема официјална информација што ја предизвикало експлозијата. Безбедносни извори и локалните медиуми велат дека била предизвикан од заварувачки работи кои се изведувале во дупка во магацинот.
Многумина се исчезнати, во итната помош постојан има повици за помош и потрага по луѓе, но потрагата ноќе е отежната оти нема струја, вели министерот за здравство.