Кинеските власти денеска објавија дека речиси 60.000 луѓе починале во болниците од корона вирусот од почетокот на декември, кога ненадејно беа укинати строгите рестриктивни мерки поврзани со инфекцијата.

Од 8 декември до 12 јануари од Ковид-19 починале 59.938 лица со просечна возраст од 80,3 години, соопштија здравствените власти.
Повеќе од 90 отсто од починатите се на возраст над 65 години, јавува Ројтерс.



