Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на говорот на плоштадот Софија во Киев, по повод државниот празник на Украина, изјави дека „денот на независноста на Украина е празник на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина не може да има независна Полска и други земји во регионот“.
Денот на вашата независност е, во извесна смисла, прослава на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина е тешко да се зборува за независна и безбедна Полска, Литванија или други земји од нашиот регион“, рече Дуда, пренесува Укринформ.
Полскиот лидер нагласи дека Полска застанала покрај Украина од самиот почеток на војната и додаде дека Украинците не се сами во тешките искушенија.
Тој изрази уверување дека војната наскоро ќе заврши „со победа на силите на слободата над тиранијата во светот“.