На мрежите е објавено видео од околината на Сомбор на кое се гледа како Дунав ја поплави целата населба.
Според лицето кое го објави видеото, станува збор за колиба на рибар, а ова населено место е по трет пат поплавено.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците, струја нема, а до селото се стигнува само со брод.
Луѓето кои живеат таму се, како што велат, навикнати на ова и спремно го поздравуваат секое предупредување. Еден од постојаните жители е чувар кој живее со три кучиња.