Душко Тошиќ отпатува за Германија каде од трибините ја бодреше српската репрезентација на Европското првенство во фудбал.По инцидентот што се случи во семејната вила на Дедиње, поранешниот фудбалер и сè уште официјален сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ ги спакува куферите и замина во Германија да го следи европското фудбалско првенство во живо. Со себе ја зел и помалата ќерка Ника.На стадионот во Гелзенкирхен, Ника и Душко ја бодреа српската репрезентација која загуби од Англија со резултат 0:1.Поранешниот фудбалер на својот Инстаграм објави сторија каде покажа дел од атмосферата, а на крајот ја сликаше младата Ника.Покрај Ника и Душко, „орлите“ од трибините ги бодреа и познатите пејачи, меѓу кои Радиша Трајковиќ Џани, Ана Севиќ и нејзиниот сопруг, како и блогерката Зорана Јовановиќ Зоранна.
Пронајдете не на следниве мрежи: