Фудбалската репрезентација на Србија вечерва ќе го започне Европското фудбалско првенство со меч против Англија, а поранешниот фудбалер Душко Тошиќ од трибините ќе ги бодри своите поранешни соиграчи .Сe уште легалниот сопруг на Јелена Карлеуша се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм каде објави фотографија од авионот каде позира со својата помлада наследничка Ника.Да потсетиме, Душко Тошиќ неодамна се најде во центарот на скандал, откако на површина излезе преписката со Северина.Популарниот спортист откри дека контактирал со пејачката од Хрватска за да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција.– Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да ја прославам, а моите пријатели ми предложија Северина да пее. Па, тоа е причината за мојот контакт – изјави тогаш Тошиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: