ЕВЕ ЗОШТО Е ПАМЕТНО ДА СТАНЕТЕ ЕДЕН ЧАС ПОРАНО ОД ВООБИЧАЕНО!

Студиите за спиење сугерираат дека е подобро да го поставите алармот еден час порано за да го намалите ризикот од депресија.
Мала промена во распоредот за спиење може да ни помогне да го подобриме расположението.
Драстичните промени во навиките за спиење може да ни изгледаат невозможни, но ако тоа може да ни помогне, нема причина да не се обидеме.
Новата студија на истражувачите од Универзитетот во Колорадо вели дека само еден час станување пред вообичаеното време ќе помогне во подобрување на расположението и ќе има позитивно влијание врз менталното здравје.
Претходните студии покажаа дека, како што многумина ги нарекуваат, „ноќните птици“ имаат двојно поголема веројатност да страдаат од депресија отколку ранобудниците, без оглед на должината на спиењето.
– Веќе некое време знаеме дека постои врска помеѓу времето на спиење и расположението. Откривме дека одењето во кревет еден час порано е поврзано со значително помал ризик од депресија, изјави авторката на студијата Селин Ветер.
Значи, ако вообичаено време за спиење ви е полноќ, потенцијално би можеле да го намалите ризикот од депресија за 23 проценти ако одите во кревет еден час порано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.