Пее на улица од својата седма година, откако тој и брат му останале без родители
Уличниот пејач од Зеница, Мустафа Хрустуќ, веќе некое време живее под мост, а сега конечно има кров над главата
Благодарение на добрите луѓе, и пред се на пејачката Марија Шерифовиќ која апелираше да ја поврзат со ова скромно момче, тој се врати во стариот стан во Зеница, Босна и Херцеговина, каде што љубезно ја пречека екипата на српскиот Телеграф кои беа да го посетат во привремениот дом.
Трошната соба на периферијата од градот е неговото парче среќа и како што вели, благодарен им е на сите оние што му помогнале.
Неговата животна приказна е толку тешка што никого не остава рамнодушен. На седумгодишна возраст останал без родители, а луѓето што се грижеле за него од мали нозе го терале да заработува.
На тој начин Мустафа го изгубил правото на среќно и безгрижно детство, но и правото на школување заради што сега ја плаќа цената.
Тој денес живее од пеење на улица, а тоа го прави од својата седма година кога настрадал неговиот татко во сообраќајна несреќа.
Таткото загинал, а Мустафа и неговиот брат останале живи. Потоа оние што требало да се грижат за нив ги принудувале да работат за нив, а ако не носеле доволно пари, им се заканувале со ќотек.
Од тие причини тие почнале да бегаат од дома, без да гледаат дали е снег, дожд. Спиеле под балконите.