Еве какво ќе биде времето до крајот на овој месец

Од утре се најавуваат околу 1 степен под нулата минимални температури во Скопје, а од почетокот на идната недела ќе има и денови кога нема да се регистрираат негативни температури.
Тоа ќе биде последица од наоблачувањето кое се очекува од понеделник и кое треба да донесе главно дожд, а само на повисоките места снег.
Најтопло до крајот на овој месец ќе биде кон средината на идната недела кога се очекуваат максимални 8 степени, а минималните температури ќе останат над нулата.


Еден исклучително студен ден ќе имаме на крајот од идната недела за кога се очекува преодно разведрување. Доколку се исполнат прогнозите и денот биде ведар, се очекува ноќта температурата да падне и под минус 15.
Но, ваквата состојба според синоптичарите нема да се задржи долго бидејќи се очекува ново наоблачување кон крајот на месецот кое повторно ќе ги подигне температурите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.