Еве како брзо и лесно ќе се ослободите од непријатните дамки и мирисот на пот кога ќе се впие во вашата облека

Има ли нешто полошо отколку кога на вашата омилена кошула или маичка ќе се појават грди дамки и ќе се впие мирисот на пот?
Ако и вие се борите со овие тврдоглави дамки, еве еден одличен совет што треба да го пробате.
Познато е дека одредени дамки и мириси се доста отпорни на вообичаените методи за перење, така што е потребно повеќе напор за да исчезнат.
Меѓу нив, секако има траги на облеката предизвикани од потење под пазувите, што може дури и да влијае на промена на бојата, а непријатниот мирис за жал не исчезнува само така после перењето.
Некои мириси можат многу лесно да се апсорбираат во некои ткаенини, како што се кошулите. Непријатен мирис предизвикува дезодорансот измешан со пот и маснотии од нашата кожа, поради што некои алишта, иако се целосно чисти, бараат дополнително чистење.
За да се ослободите од проблемите со мирисот, прво треба да се ослободите од дамките.
Направете густа мешавина од сода бикарбона и вода и нанесете ја на дамката што претходно сте ја натопиле во вода. Истурете една лажица оцет и веднаш ќе ја видите реакцијата, областа со дамка ќе се запени. После тоа, оставете да се исуши, потоа исплакнете и ставете во машината за перење.
Се разбира, само потта не е единствениот тврдоглав мирис што може да остане на вашата облека откако ќе се испере.
Остатоците од урина на миленичиња, исто така, оставаат тврдоглави мириси, но користењето детергент со интензивен мирис во овој случај нема да помогне. Најдобро е да користите мешавина од оцет и вода и да ја оставите облеката во овој раствор околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.