Еве од каде требало да биде донесен снајперот за атентатот врз Вучиќ – атентаторот, пак со лажен пасош требало да пристигне од оваа земја

Снајперската пушка од која требаше да биде убиен Александар Вучиќ е набавена во Чешка, дознава „Српски Телеграф“.
Радоје Звицер, водачот на „Кавачкиот клан“, кој има силна мрежа во таа земја, организирал смртоносното оружје легално да се купи во околината на Прага. Идејата била снајперот, расклопен на делови, да се пренесе во Бугарија, а потоа во Србија да влезе преку граничниот премин Градина.
Овој граничен премин не е избран случајно. Станува збор за рута која традиционално ја транспортира дрогата од Турција до Европа. Иако пушката требало да биде внесена преку Бугарија, атентаторот ќе дојде од друг правец односно од Унгарија со лажен пасош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.