Европската унија го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.

Европската унија го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија

Лансирањето на ракетата, што го активираше системот за тревога на Токио, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот, напиша Чарлс Мишел во твитот.

„Европската унија стои во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја“, додаде тој.

Медиумите во источна Азија денеска објавија дека вооружените сили на Северна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан.

Лансирањето на ракетата го осудија и САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.