Едвард Сноуден: КОРОНАВИРУСОТ ќе им овозможни на властите моќ преку собирање на податоци!
Едвард Сноуден, човекот кој го обелодени големото шпионирање во Американската агенција за национална безбедност, предупредил дека зголемувањето на надзорот во услови на криза поради коронавирусот може да доведе до долготрајни ефекти врз граѓанските слободи.
За време на видео-интервју на коференција во склоп на Фестивалот за документарен филм во Копенхаген, Сноуден истакнал дека, теоретски, новите овластувања воведени од властите како мерки против коронавирусот може да останат на сила и по пандемијата.
„Стравот од вирусот и неговото ширење може да значи дека властите можат да испратат барање до секоја фитнес апликација, податоци за пулсот на луѓето и да побараат пристап до нив. Пет години подоцна, откако COVID-19 нема да е закана, податоците ќе останат кај властите и тие ќе можат да бараат уште повеќе податоци. Властите веќе знаат што гледате на интернет, знаат каде се движите, сега знаат и како ви отчукува срцето. Што ќе се случи кога ќе започнат да ги мешаат овие податоци и да аплицираат вештачка интелигенција?“, истакнал Сноуден.
Иако сѐ уште не се појавиле извештаи во кои државите бараат пристап до здравствени податоци од производите како „Apple Watch“, повеќе држави вовеле нови методи за набљудување за да го разберат, а воедно и спречат ширењето на коронавирусот.
Многу земји од Европа, меѓу кои Италија, Велика Британија и Германија склучиле договори со телекомуникациските компании за користење на веќе собраните податоци за да се следи движењето на населението.
Израел им дозволила на своите служби во итни случаи, да ги хакираат телефоните на граѓаните без налог. Јужна Кореа испраќала смс пораки за да ги предупреди граѓаните за можен контакт со личност заболена од коронавирусот, откривајќи лични податоци како род и возраст. Сингапур користела мобилна апликација за да го набљудува ширењето на коронавирусот преку следење на луѓето кои биле изложени.
Во Полска, граѓаните во карантин морале да користат апликација на Владата која бара повремено објавување на „селфи“ фотографии. Тајван вовел систем на „електрична ограда“ кој ја алармира полицијата доколку пациентите во карантин се движат надвор од своите домови.
Денеска актуелно и издвоено по избор на уредникот:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ:
Извор: РАДИОМОФ
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.